Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус може да достигне два милиона пред успешната вакцина да почне со широка употреба, изјави денеска висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО).
– Бројот на смртни случаи за кои зборувате (два милиона луѓе) не е само можен, но за жал е многу веројатен, рече Мајк Рајан, шеф на програмата за итни случаи, на денешниот брифинг на СЗО, одговарајќи на прашање околу проценките за конечниот број жртви од пандемијата.
Вкупниот број на смртни случаи од новиот коронавирус веќе се приближува до еден милион и денеска изнесуваше над 990.000. Досега во светот се заразија преку 32.5 милиони луѓе.