Состанокот Белград-Приштина откажан поради „претпазливост во врска со Ковид-19“

Од:

Дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој беше закажан за понеделник, е откажан поради пандемијата на коронавирусот, соопшти специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак.

„Поради претпазливост во врска со Ковид-19, состанокот во рамките на дијалогот (Белград и Приштина) закажан за понеделник ќе биде одложен“, објави Лајчак на својот профил на Твитер, без да понуди повеќе детали.

Лајчак претходно најави дека делегациите на Косово и Србија ќе се состанат в понеделник, 28 септември во Брисел, за да ги продолжат разговорите за финансиските побарувања и имотот и дека заедницата на српските општини нема да биде на дневен ред.

Не е познат нов датум за состанокот, јави Бета.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија