Компанијата „Нокиа“ во Лондон ја претстави интернационалната верзија на моделот Лумиа 928, под името Лумиа 925.
„Нокиа“ го отфрли куќиштето од поликарбонат и се одлучи за изглед и чувство на метал, поточно алуминиум.
Лумиата 925 е тешка 139 грама и има камера од 8.7 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата и дуал ЛЕД блиц до задната и камера од 1.2 мегапиксели од предната страна.
Корисниците имаат на располагање 4.5 инчи АМОЛЕД екран со резолуција 1280х786 пиксели.
Телефонот би требало да биде достапен на повеќето светски пазари од следниот месец.
Цената на овој модел во Европа веројатно ќе изнесува 469 евра, без царина и данок.