Шахпаска не кажува колку слободни места има во градинките

Од:

Министерството за труд не кажува бројка на слободни места за упис на деца во градинките ширум земјава. Министерката Јагода Шахпаска веќе неколку дена јавноста ја уверува дека слободни места во градинките има, но денес не одговори на прашањата испратени од „А1он“ за тоа колкав е нивниот број, а не одговори ниту на прашањето колку родители на деца од претшколска возраст од денес треба да се вратат на работа по укинатата мерка за заштита од Ковид – 19 која предвидуваше тие да останат дома за да ги чуваат децата по затворањето на градинките.

На почетокот на месецов, кога министерката Шахпаска го најави отворањето на градинките на 9 септември, таа извести дека има место за вкупно 19.000 деца во градинките, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. Министерството за труд пред отворањето на градинките направи анкета меѓу родителите, на кои им беше дадена и можноста да останат дома за да ги чуваат децата, која покажа дека во тој момент има интерес 14.555 деца да се згрижат во градинките.

Но по отворањето на градинките, родителите на кои им беше оставена можност да седат дома и да ги чуваат децата до шест години, беа повикани на работа и мерката беше укината. Тие од денес треба да се на работните места. Дел од нив велат дека се во групата родители кои се изјасниле дека нема да ги носат децата во градинка, па сега мака мачат да најдат место оти градинките работат со преполовени капацитети кои одамна се исполнети.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска