Црвениот крст на Република Македонија денеска го организира четвртиот Партнерски состанок.
Целта на состанокот е воспоставување одржливи партнерства меѓу Црвениот крст и деловните субјекти, институциите и дипломатските претставништва во Република Македонија, како и обезбедување проектна поддршка за општествено социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на ранливите категории во заедниците.
Партнерски состанок ќе го отвори министерот за економија Ваљон Сарачини.