Камерен концерт на млади музичари во претседателската вила

Од:

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска вчеравечер беа домаќини на камерен концерт на млади музичари од Фондацијата „Томислав Зографски“.

Меѓу присутните гости беа министерката за култура, Ирена Стефоска, претставници на дипломатскиот кор во земјава, како и претставници од областа на културата.


Ова е прв концерт од ваков вид што се организира во Вила Водно, а целта на оваа иницијатива е промоција на млади изведувачи на класична музика, како и промоција на делата на познати македонски композитори.

Поздравувајќи ги присутните на концертот, директорката на Управниот одбор на Фондацијата „Томислав Зографски“, Панда Зографска Беличанец, истакна дека веќе петнаесет години оваа фондација успешно работи на афирмирање на музичкото творештво на Зографски кое е дел од културното наследство на земјава, како и на поттикнување на развојот на музичката култура во државата и во странство.

На камерниот концерт младите музичари: Стефан Неделковски, Јана Каевска, Пандорка Јанакиева, Ева Богоевска, Ѓорѓи Трајков, Маја Витанова, Анел Селим и Леонардо Димоски се претставија со репертоар од познатите композитори: Томислав Зографски, Рио Нода, Лудвиг ван Бетовен, Гоце Колароски, Џон Вилијамс, Игор Стравински, а беа исполнети и обработки на две народни песни „Елено ќерко Елено“ и „Јовано Јованке “.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска

(ВИДЕО) Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е изборот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање на режимот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Горан Наумовски

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ