Во Иран денеска регистрирани се 3.712 нови случаи на Ковид-19, што е највисок дневен биланс од февруари.
Со што вкупниот број на инфицирани лица од почетокот на пандемијата се искачи на 429.193 луѓе.
Портпаролката на иранското Министерство за здравство, Сима Садат Лари изјави дека во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починале 178 луѓе, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 24.656.