Втората руска вакцина против Ковид 19 ќе биде регистрирана до 15 октомври

Од:

Втората руска вакцина против Ковид 19, изработена од сибирскиот институт „Вектор“, ќе биде регистрирана до 15 октомври, соопшти денеска агенцијата за заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“.

„Министерството за здравство на Руската Федерација ја започна постапката за регистрација на вакцината ’EpiVacCorona’. Процедурата за регистрација се планира да заврши до 15 октомври, се наведува во соопштението.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, вакцината ќе се произведува во индустриската фабрика на истражувачкиот центар „Вектор“.

По регистрацијата на вакцината, ќе започнат клинички испитувања со учество на волонтери постари од 60 години, како и лица со хронични заболувања.

На 24 јули, истражувачкиот центар Вектор доби дозвола од руското Министерство за здравство да спроведе клинички испитувања на вакцината врз доброволци.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија