Ибрахимовиќ: Да имав 20 години, ќе дедев уште два гола

Од:

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој беше двоен стрелец синоќа против Болоња во 1. коло од италијанскиот шампионат (2:0), се спореди со херојот на филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“.

– Јас сум во добра форма, работам. Победивме, а јас можев да постигнам повеќе. Да имав 20 години, ќе постигнав уште два гола. Не, не сум стар, јас сум како Бенџамин Батон – почнувам стар и умирам млад! Настрана шеги, тимот играше добро, ние сè уште не сме 100% подготвени и затоа направивме некои грешки што обично ги избегнуваме, изјави Ибрахимовиќ за „Скај Италија“.

Тој очекува Милан да биде поуспешен од минатата сезона.

– Нашата цел е да постигнеме повеќе од минатата сезона. Оваа година треба да играме натпревар по натпревар, да играме самоуверено и да го третираме секој меч како финале, додаде шведскиот фудбалер.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска