Африканскиот регион Сахел погоден од невообичаен дождови и поплави

Од:

Невообичаените дождови и поплави што го погодија африканскиот регион Сахел се уште еден предизвик за локалните власти, покрај недостигот на храна и пандемијата со новиот коронавирус.

Од поплавите во Судан, што се најголеми од 1912 година досега, погодени се 650.000 луѓе, а во надојдената вода загинаа најмалку 114 лица, а повредени се 54. Суданските власти на почетокот од месецот прогласија тримесечна вонредна состојба.

Во Јужен Судам половина милион луѓе беа принудени да ги напутат домовите поради излевање на реката Бел Нил, при што загинаа повеќе од сто луѓе.

Поради надојдените води и свлечиштата во Етиопија околу 217.000 лица ги напуштија домовите. Во земјата од девет погодени се пет региони.

Поплавите предизвикаа хаос и во централниот дел на Мали, а илјадници луѓе ги напуштија домовите во градот Сегу во август.

Поради поплавите жителите од 11 села јужниот дел на Чад беа евакуирани, а надојдената вода уништи 15.000 хектари обработлива површина.

Од поплави беше погодена и југозападната држава Кеби во Нигер, каде околу 500.000 хектари обработлива површина беше под вода. Кеби е основен проиводител на ориз, пченка, пченица, компири.

Обилните дожови и поплавите предизвикаа штета на патиштата, мстовите, домовите, училиштата и болниците во другите делови на Нигер. Во поплавите загинаа најмалу 67 луѓе, а надојдената вода уништи 32.000 домови за околу два месеца и 6.000 хектари посеви.

Во Сенегал на 7 септември непрекинато врнеше дожд седум часа. Владата на почетокот на месецот разработи и спроведува план за брзи акции при случај на поплави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска