Данската агенција за маркетинг „Репутација“ смисли оригинален начин невработените високообразовни лица да ги стави на излог и изложи како стока, за да бидат забележани.
Невработеноста во Европа неодамна достигна рекордно ниво, а во Данска која што е заштитена од проблемите во еврозоната благодарение на нискиот јавен долг, квалификуваните професионалци се уште тешко наоѓаат работа.
Многу професионалци, од поранешни директори, до адвокати и финансиски експерти, се потешко наоѓаат пристојна работа.
Некои од нив се обидуваат со години да се вработат, но никогаш не добиле повик, па сега се подготвени да обидат на се, дури и да седат пред излог во надеж дека ќе ги забележи некој, кому му се потребни нивните услуги.
На излогот е поставен работен стол со натпист „експертот кој седи овде е достапен“ .
Можеби делува како очајнички потег, но изгледа функционира, бидејќи интернет страната на агенцијата тврди дека до сега четири лица веќе се вработиле.
Елена Георгиевска