Во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина

Од:

Делегациите на Србија и Косово денеска ќе го продолжат техничко-експертските разговори за нормализирање на односите.

Европската унија, која е медијатор, најави дека ќе продолжат разговорите за темите покренати на последниот состанок на високо ниво, одржан на 7 септември во Брисел.

– Се работи за ангажмани за немнозинските заедници и решавање на заемни финансиски побарувања и имот, што е дел од законски обврзувачки договор, рече портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак на Твитер објави дека на денешното продолжение на дијалогот ќе се разговара за заемни финансиски побарувања, но не и за Заедницата на српски општини.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак