Во експлозија во рудник за јаглен во југозапаниот дел на Кина загинаа 27 рудари, јавуваат државните кинески медиуми.
Спасувачките екипи извлекле 81 рудар, а 16 биле пренесени во болница веднаш по експлозијата во рудникот Таозиг во градот Луж во провинцијата Сечуан, соопштуваат локалните власти.
Ова е втора тешка несреќа што се случила во последниве две години во рудниците за јаглен во Кина.