Хоти: Белград се согласи на процес, чиј исход мора да биде признавање

Од:

Преговорите со Белград мора да завршат со трајно решение на проблемот, рече косовскиот премиер Авдулах Хоти, пренесува Танјуг.

– Србија се согласи да влезе во процесот на дијалог, што ќе доведе до заемно признавање на двете земји, рече Хоти за време на онлајн дискусијата за дијалогот, организирана од граѓанско општество.

Она на што се работи во оваа фаза, рече Хоти, е изготвување на елементите на конечниот договор.

Тој истакна дека за територијалниот интегритет на Косово не може да се преговара и оти за тоа не се разговарало на ниту една тркалезна маса на која тој учествувал во текот на изминатите три месеци.

Во врска со утрешниот состанок во Брисел, нема да се разговара за Заедницата на српски општини, така што нема да биде „опасна средба за нас“, рече косовскиот премиер, кој индиректно одговори на изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека отворањето на прашањето на ЗСО беше „чекор назад“ за Приштина, пренесува Танјуг.

Делегациите на Белград и Приштина утре на експертско ниво ќе разговараат за финансиските обврски на двете страни, вклучително и воените надоместоци и пензиите, рече Хоти.

Тој нагласи дека Приштина од договорот постигнат во Вашингтон со Белград ќе има корист од околу една милијарда американски долари инвестиции во разни проекти.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак