Русија ќе продаде 100 милиони дози вакцина на Индија

Од:

Рускиот државен инвестициски фонд постигна договор за продажба на 100 милиони дози од руската вакцина против Ковид-19, Спутник-V, на фармацевтска компанија во Индија, изјави денеска извор запознаен со договорот.

Се очекува да следуваат клинички испитувања на руската вакцина во Индија, кои ќе бидат спроведени заедно со индиската фирма што ја купува вакцината, рекол изворот.

Испитувањата и договорите за набавка треба да бидат одобрени од индиските регулаторни тела.

Рускиот државен инвестициски фонд веќе постигна договори за набавка на руската вакцини со Казахстан, Бразил и Мексико.

Претходно беше постигнат и договор за партнерство во производството на 300 милиони дози вакцина Спутник-В во Индија.

Фондот ќе го објави името на компанијата подоцна денеска.

Рускиот Спутник-V е првата регистрирана вакцина против коронавирус.

На 26 август Русија почна големи клинички испитувања, односно фаза три, со најмалку 40 илјади учесници, но испитувањата сè уште не се завршени.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски