Уапсени 13 лица после пожарот во близина на мигрантски камп на Самос

Од:

Вкупно 13 лица се уапсени на грчкиот остров Самос по пожарот кој загрози камп за мигранти, соопшти денеска локалната полиција, само неколку дена по разорниот пожар во кој изгоре најголемиот камп во Европа. Мориа, на островот Лезбос.

– Истражуваме можна вмешаност на овие осомничени во инцидентот, изјави полициски службеник од Самос, но не сакаше да ја прецизира националноста на осомничените.

Пожарот избувна доцна синоќа во шумскиот дел на Самос, во близина на камп за мигранти, но пожарникарите успеаја да го совладаат.

Ноќта меѓу 8 и 9 септември изгоре кампот Мориа, во кој беа сместени 12.000 мигранти. Полицијата уапси шест мигранти.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески