Шефицата на Руската федерална служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на населението, Ана Попова, изјави дека луѓето кои се опоравиле од Ковид-19 можат да го шират коронавирусот до еден и пол месец откако ќе оздрават.
„Според нашите согледувања, тој период трае до 48 дена, додека набудувањата во странство укажуваат на период од скоро 90 дена“, рече Попова, пренесува Тас.
Оздравената асимптоматска личност која се чувствува добро и чии резултати од тестот на крвта и сите други фактори се одлични, сепак може да го шири вирусот по назален пат, рече Попова.