Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик по се изгледа нема да се пресели во Рома.
Полскиот фудбалер го одбил трансферот, без да ги прецизира причините. Римјаните му понудија петгодишен договор со плата од 5 милиони евра годишно (повеќе отколку што заработува во Наполи).
Така, поради ова, се спречува евентуалното заминување на напаѓачот Един Џеко (во размената со Јувентус со учество на Матија Де Шиљо), кого Рома сакаше да го замени со Милик.
Сепак, постои можност зделката да се случи доколку Полјакот се премисли.