Српската полиција уапси двајца осомничени за мафијашкото убиство во Белград: еден молчи, другиот негира

Од:

Српската полиција викендов уапси двајца луѓе кои се осомничени дека ја извршиле бруталната ликвидација во мафијашки стил на Драган Ристиќ, сопственик на ресторан и човек поврзан со белградското подземје уште од 90-те години.

Во Белград е уапсен В.У., роден во 1988 година, како и две години помладиот Ф.И., кој е осомничен дека му помогнал да го изврши убиството, соопшти српското МВР.

Двајцата осомничени се уапсени два дена по убиството во белградската населба Калуѓерица, а В.У. се сомничи дека испукал повеќе крушуми во главата на 61-годишната жртва, која од раните починала на самото место.

Претходно, В.У., возејќи автомобил „Пасат“ инсценирал сообраќајка, удирајќи го одзади автомобилот на убиениот Ристиќ, за да го натера да излезе од колата и да биде полесна цел, велат од полицијата. Потоа, тој ја изрешетал жртвата, по што побегнал со „Пасатот“, кој подоцна е пронајден запален, во друга населба.

Ф.И. е осомничен дека му помогнал на В.У. со тоа што му обезбедил втор автомобил за непречено да избега од непосредната околина на местото на крвавиот чин.

Двајцата осомничени биле изведени пред истражен судија, при што според портпаролката на Јавното обвинителство, Ирена Бјелош, В.У. се бранел со молчење, додека Ф.И. негирал дека го извршил делото. Обвинителството му предложи на Судот на двајцата осомничени да им биде одреден притвор.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски