ВИДЕО: Брутално убиство во мафијашки стил во белградската населба Калуѓерица

Од:

Тело на 59-годишен маж е пронајдено денеска на една од улиците во белградската населба Калуѓерица, а жртвата е идентификувана како Драган Ристиќ, кој бил од претходно познат на полицијата и осудуван за насилство и недозволено поседување оружје.

Бруталното убиство е извршено среде ден, во манир на професионална егзекуција, а убиецот се доближил до жртвата од автомобил и испукал еден куршум во главата на Ристиќ. По ова, тој побегнал со автомобилот, а полицијата подоцна го пронајде возилото запалено, во соседната населба Миријево.

Ристиќ, според пишувањето на српските медиуми, бил сопственик на приградската дискотека „Храм“. Неговиот син, според пишувањето на српските медиуми, пред три години изглегол од затвор каде одлежал казна за убиство извршено во 2008 година, во масовна тепачка меѓу две групи момчиња.

Дел од медиумите шпекулираат дека мотивите за убиството на Драган Ристиќ можеби имаат врска со случајот во кој бил вмешан неговиот син. Официјално, според полицијата, не е познат мотивот за убиството, а по убиецот се трага.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов