Скулптура на Богородица е поставена на неколкуметарски столб во близина на истоимената црква во центарот на Скопје. Нејзиното поставување е израз на новиот тренд на изградба на објекти кои е карактеристични верско обележја, пренесе Телма.
Веќе се најавува дека следната скултура од овој тип ќе биде поставена во општината Аеродром.
– Зa поголемиот број од граѓаните кои во изминатите неколку години се навикнаа на се, ваквото кокетирање со верските обележја е неприфатливо – велат од Телма.
Според Џабир Дерала од невладината Цивил, трендот на поставување верски обележја од овој тип уште повеќе ќе го подели ова, како што го нарече, истормозено општество. Според него најмногу се повредуваат чувствата на припадниците на религијата чиј симбол е поставената скулптура.
-Вистинските верници не сакаат вакви кичерајски верски обележја – вели Дерала.
фото: telma