Меѓународна планинарска тура „Дојди на Пониква, запознај го регионот“

Од:

Општина Кочани беше домаќин на меѓународната планинарска тура „Дојди на Пониква, запознај го регионот“, на која учествуваа странски претставници, владини институции и домашни граѓански организации.

Организатор на турата беше Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија во Скопје, а учесниците пешачеа по маршрута долга шест километри кон локалитетот Раткова Скала.

Целта на настанот беше со водич да се претстават дел од прекрасните пејзажи и природни вредности на Осоговијата, како и да се зајакне локалната заложба за одржлив развој преку потенцирање на невообичаени проекти и промовирање дијалог и соработка помеѓу значајните актери за идните акции.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, како домаќин на планинарската тура ја искористи можноста да ги претстави тековните проекти за развој на туризмот и за заштита на Осоговијата, но и следните чекори во тие насоки.

– Кога се зборува за Осоговските Планини, првата асоцијација е здравје и благосостојба. Овде на Пониква, има стари објекти кои сѐ уште можат да се обноват и да бидат од јавен интерес, со локално и регионално значење. Пренамената на детското одморалиште за потребите на Министерството за внатрешни работи ги оддалечи децата од организираното, масовно користење на убавините на Пониква, што ја нагласува потребата да се најдат начини најмладите преку екскурзии да ја запознаат и да уживаат во Осоговските Планини, но и да се врати духот на Пониква за децата од школска возраст, истакна градоначалникот Илијев.

Планинарската тура ќе биде платформа за креирање на одржлива програма за развој, која ќе ги унапреди економските можности во регионот, едновремено штитејќи го природното наследство и промовирајќи ги целите за одржлив развој.

За промоција на убавините и можностите на Осогово, од планинарската тура ќе произлезе филм што го снимаше екипата на „Медена земја“.

Би можело да ве интересира

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот