Френки де Јонг: Среќен сум што Меси останува, тој е најдобар на светот

Од:

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг го сподели своето мислење за одлуката на соиграчот во Барселона, аргентинскиот напаѓач Лионел Меси да не го напушта тимот во овој преоден рок.

– Лично, многу сум среќен што Меси ќе остане во Барселона. Лионел е најдобриот фудбалер на светот. Фактот што тој реши да остане може само да ве задоволи. Што се однесува до мене, не контактирав никого од Барселона за ова. Целата оваа ситуација е помеѓу Меси и клубот. Јас не се мешав во ова прашање, особено што не бев во Барселона. Па гледав од страна, изјави Де Јонг.

Капитенот на Барселона, прво најави дека ќе го напушти каталонскиот клуб, за потоа да се премисли и остане на „Камп Ноу“ и за сезоната 2020/21.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска