Тачи од Приштина ја храбри косовската делегација пред разговорите со Србија во Вашингтон

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи им порача на членовите на косовската делегација на разговорите со Србија во Вашингтон, предводена од премиерот Авдулах Хоти, да преземат „храбри чекори во правец на мирот“.

Претседателот на Косово, кој е обвинет за воени злосторства и поради тоа не можеше да отпатува за Вашингтон, требаше да учествува и на претходниот состанок со лидерите на Србија, кој беше закажан за 27 јуни. Но, таа средба беше одложена откако Канцеларијата на специјалниот обвинител во Хаг соопшти дека е подигнато обвинението против Тачи, за злосторства, меѓу кои убиства, киднапирања и мачеења сторени за време на војната меѓу ОВК и српските сили во 1998 и 1999 година.

Преку објава на Твитер, Тачи денеска ги поздрави заложбите на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот специјален пратеник за дијалогот меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, за средување на односите меѓу двете земји.

– Му ракоплескам на водството на Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп и амбасадорот Ричард Гренел за тоа што повторно ги споија Косово и Србија во потрага по мировен договор. Ја охрабрувам косовската делегација да преземе храбри чекори во правец на мирот, признавањето и економскиот просперитет, напиша Тачи.

Амбасадорот Гренел утрово преку социјалните мрежи повика на нормализирање на економските односи меѓу Приштина и Белград и оставање настрана на политиката.

– Граѓаните на Косово и Србија заслужуваат економска нормализација (…) Денес сум сконцентриран на младите кои сакаат кариера, подобра работа и поврзување со Западот. Ве слушнав. И ќе се трудам силно за вас. Да ја оставиме настрана политиката, порача Гренел на неговиот Твитер.

Новата рунда косовско-српски разговори, која е планирано да трае два дена, треба да започне денеска напладне по американско време, со средба на водачите на двете делегации, косовскиот премиер Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски