Иницијатива за меѓународен парк на Корејскиот полуостров

Од:

Јужнокорејската претседателка Гуен Хје Парк , вчера предложи изградба на меѓународен парк на границата помеѓу двете Кореи, како дел од широката регионална иницијатива за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров.

Во текот на своето обраќање, пред конгресмените во САД, Парк предупреди дека демилитаризираната зона која ги раздвојува соседите на Корејскиот полуостров, претставува закана за пошироката меѓународна заедница, пренесе „Франс прес“.

Агенцијата потсети дека видлив симбол за соработката помеѓу двете Кореи е индустриската зона Каесонг на територијата на Северна Кореја, која не работи откако Јужна Кореја од безбедносни причини ги повлече своите работници од таму.

Парк нагласи дека Сеул никогаш нема да го прифати нуклеарно вооружениот Пјонгјанг и дека на неговите провокации одлучно ќе одговори и додаде дека Сеул е подготвен да пружи хуманитарна помош на Север, без оглед на политичката ситуација и изгради доверба со Пјонгјанг, доколку„ авторитарниот режим одговори на ист начин“, пренесува „Франс прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња