Примерот помеѓу Грција и Катар покажува што подразбира терминот „културниот судир помеѓу две земји“.
Грчкиот министер за култура Костас Цаварас во текот на својата посета на Доха, престолнината на Катар ја посетил изложбата посветена на Олимписките игри каде биле изложени грчки скулптури, но со мали измени.
Дел од скулптурите биле покриени со ткаенина за да не ги „навредуваат посетителите“.
-Во општество во кое постојат одредени закони и традиции, скулптурите на голи мажи би можеле да ги шокираат посетителите – наведено е во соопштението на „Катарскиот музеј на олимписките игри и спортот“.
Цаварас не можел да го прифати начинот на изложување на скулптурите по што истите биле вратени во Националниот археолошки музеј во Атина.
-Станува збор за значајни уметнички дела и од естетски причини е погрешно да се изложуваат покриени со ткаенина – изјави Цаварас.