Официјално: Ракитиќ ќе игра за Севиља

Од:

Играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ официјално се пресели во Севиља, објавија од „Камп Ноу“. 32-годишниот хрватски играч за врска ќе игра на „Рамон Санчез Писхуан“ за трансфер вреден 1,5 милиони евра плус 9 милиони бонуси.

Ова е прва продажба на каталонскиот клуб по назначувањето на новиот тренер, Роналд Куман.

Всушност, првата трансфер операција за излез од „Камп Ноу“ беше онаа на Артур, која беше договорена пред крајот на сезоната.

Утре, Ракитиќ ќе одржи проштална онлајн прес-конференција. Хрватот помина шест сезони во Барселона, освојувајќи 13 трофеи, вклучувајќи ги Лигата на шампионите и четири титули во Ла Лига.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска