Банките повторно ќе ја одложат отплатата на кредитите, но само за клиентите што „имаат потреба“

Од:

Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитите само за клиентите кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: да останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и слично, соопштија од Македонската банкарска асоцијација (МБА).

– Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата, се наведува во денешното соопштение.

Детални информации ќе објави секоја банка на својата интернет-страница во најкус можен рок, а од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

– Граѓаните се охрабруваат да пристапат до својата банка преку нејзината интернет-страница, или преку други канали за комуникација определени од банката, и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата. Притоа ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука, појаснуваат од МБА.

Граѓаните ќе имаат можност да користат до шест месеци продолжување на рокот на отплата на кредитите, а доколку сакаат при променети, подобри услови, ќе можат да побараат од банката да се вратат на редовна отплата и пред истекот на периодот од шест месеци.

Периодот на одложена отплата на кредитите завршува на 30 септември. Како што информираат од МБА, дел од клиентите одлучиле да се вратат во редовна отплата на кредитите, а сите други согласно Договорите за кредитните производи почнувајќи од октомври/ноември ќе продолжат со редовна отплата на обврските.

Би можело да ве интересира

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

A1on

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите