Шпанскиот фудбалски клуб Реал Сосиедад на својата веб-страница соопшти дека неговиот нов играч во тимот – ветеранот Давид Силва, позитивно е тестиран за коронавирус. Играчот од средниот ред го направил тестот во понеделник наутро на клиниката „Гипускоа“ во Сан Себастијан.
Довчерашниот фудбалер на Манчестер Сити патувал вчера со редовен лет од Билбао и вечерта пристигнал во Сан Себастијан. Во понеделник наутро направил тест, кој покажал позитивен резултат.
За време на неговите први часови како фудбалер на Сосиедад, по неговото претставување во вторникот, играчот немал можност да се сретне со своите нови колеги.
Играчот е веќе изолиран, соопшти клубот.