Три жени, облечени како чесни сестри, се приведени на аеродромот во Колумбија, поради шверц на кокаин, соопшти вчера полицијата.
Жените се приведени во сабота, по слетување на авион од Богота на аеродром на колумбиско-карипскиот остров Сан Андрес, пренесе агенција „Франс прес“.
Шефот на локалната полиција Хорхе Гомес изјави дека тие најверојатно мислеле дека поради облеката нема да бидат претресени, но напротив станале сомнителни токму поради облека и нервозното однесување.
Властите во текот на претресот открија дека жените на своите тела имаат прицврстено пакети со два килограма дрога.
Во Колумбија секоја година се притвораат повеќе десетици луѓе кои се обидуваат да пренесат дрога во странство.
Елена Георгиевска