Ѓоковиќ го победи Баутиста и се израмни со Надал по бројот на Мастерс финалиња

Од:

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ синоќа во полуфиналето на Мастерсот Синсинати во Њујорк, го победи Шпанецот Роберто Баутиста-Агут со резултат 4:6, 6:4 и 7:6 (7:0).

По три часа игра Србинот стигна до 22-та последователна победа од почетокот на сезоната.

Ѓоковиќ по 51. пат стигна до финалето на Мастерс и го дели првото место во оваа статистичка категорија со Шпанецот Рафаел Надал.

Во финалето на турнирот закажано за вечер во 19 часот, Ѓоковиќ ќе се сретне со Канаѓанецот Милош Раониќ. Во случај на победа, Србинот ќе го освои 35. Мастерс и исто така ќе се изедначи со Надал во овој показател.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај