Одржан првиот комбиниран настан во еспорт и спорт

Од:

Македонската Еспорт Федерација, во соработка со Град Скопје, го организираше првиот комбиниран настан под мото „ЕСПОРТ И СПОРТ“ во регионот.

Во спортската сала „Борис Трајковски“, беа применети сите активни мерки на Министерството за здравство за заштита од ширење на коронавирусот.

– Натпреварувачите, покрај во еспорт, се натпреваруваа и во пинг-понг и серва. Се покажа дека најуспешните во еспортот, исто така, се активни и во физичките спортови, што беше главната цел на овој проект.

Дел од настанот беше квалификацискиот турнир во PES2020 за учество на Светското Еспорт Првенство во Еилат, Израел. Настанот се одржа во Еспорт Клубот Арена. Натпреварите се одиграа без публика, но беше овозможено онлајн следење на твич канал на Еспорт Федерацијата.

На турнирот учествуваа осум играчи меѓу кои и минатогодишните прваци на Македонската Е-спорт Федерациа и најдобрите од Фудбалската Федерација на Македонија.

Првото место го освои Иван Иванов во финале со Давид Гаревски со резултат во мечеви 3:0 и неговата беспрекорна игра, додека третото место го освои Ташко Илиев со својата победа од 3:0 во мечот против Јакуп Максути.

Тројцата победници, Иванов, Гаревски и Илиев заминаа со пехар како потсетник за нивните победи, а Иванов ќе ја претставува Македонија на Светското Еспорт Првенство во Израел оваа година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Зошто Родри е толку посебен: Најдобриот, најскромниот и единствениот во светот на фудбалот