Најубавата љубовна приказна меѓу познатите секако е таа помеѓу Лионел Меси и неговата сопруга Антоанела. Двајцата се заљубиле еден во друг уште како деца, во времето кога и двајцата биле многу сиромашни.
Се запознале преку братот на Антоанела, кој бил најдобар пријател на Меси. Дури во едно интервју Меси призна дека се дружел со нејзиниот брат за да може повеќе време да се гледа со неговата сестра, Антоанела.
Кога Меси и Антоанела се запознале, таа имала само осум години. Меси бил фасциниран, веднаш прашал „која е таа“?. Подоцна му пишувала писма, а во едно од нив напишала и дека еден ден ќе се верат.
Во тој период се родила љубов помеѓу нив, а двајцата биле во незавидна материјална состојба. Сличните животни патишта се повеќе ги зближувале, се додека не дошло до пресвртница во неговата фудбалска кариера.
Кога Меси заминал за Барселона во 2000 година, Антоанела била во големи финансиски проблеми. Нејзиното семејство поседувало маркет но во време на економска криза сите имале големи потешкотии и сите краделе. Антоанела тогаш го почнава својот живот без Меси. Имала веќе друго момче и била неколку годони со него.
Ако ништо друго, не ме остава поради било кого, туку поради Меси, порачал нејзиниот поранешен партнер кога во 2005 година таа конечно го оставила и повторно се споила со фудбалерот.
Три години подоцна таа се пресели во Барселона кај Меси. Тогаш сфатила дека нивната љубов е силна па одлучила да запише факултет во Барселона и да се преселеи кај фудбалерот.
Маси и Антоанела во 2017 година во Росарио пред 260 гости ја крунисаа својата љубов.
Фудбалерот е татко на тројца синови, Тијаго кој има седум години, Матеа три години и Чира кој се роди во март 2018 година.
Сите се изненадиле со името на третиот син, меѓутоа Антоанела и Лео се одлучиле за ова име поради Хорасие Демијан Петрусија, аргентински музичар познат како Чиро, а кого го обожуваат и двајцата.
Сите кои ја познаваат Антоанела наведуваат дека таа останала скроимна девојка иако има милиони следбеници на социјаклните мрежи и милиони долари да ги троши на што ќе посака.