За последните случувања во источниот Медитеран и тензиите меѓу Грција и Турција, попладнево телефонски разговарале претседателот на САД Доналд Трамп и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Разговорот бил по иницијатива на американскиот претседател, а како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис, освен што му се заблагодарил на Трамп за интересот, истакнал дека Грција е подготвена за деескалација на тензиите, под услов Турција да запре со „провокативните активности“.
-Премиерот го постави прашањето со дестабилизирачките активности на Турција, кои ги загрозуваат мирот и стабилноста во поширокиот регион и ја тестираат кохезијата на НАТО. Господинот Мицотакис истакна дека Грција е подготвена суштински да придонесе во деескалацијата, под услов Турција веднаш да престане со нејзините провокативни активности, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер.