Европската фудбалска асоцијација – УЕФА го прогласи голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер за најдобар играч во финалето на Лигата на шампионите.
Баерн во неделата го совлада ПСЖ со 1:0 и по шести пат стана европски шампион.
Ноер победи во конкуренција на соиграчите Кингсли Коман и Тиаго Алкантара, како и дефанзивецот на ПСЖ, Маркинонс.