Јужна Кореја денеска ги отфрли барањата што Пјонгјанг ги постави како услов за обнова на работата на заедничката индустриска зона Каесонг, оценувајќи ги како „неразбирливи“.
Комисијата за одбрана на Северна Кореја, со кој претседава севернокорејскиот лидер Ком Џонг-ун, вчера порача дека за повторно отворање на Каесонг, Сеул ќе мора „да ги запре непријателските активности и воените провокации“.
На листата на „непријателски активности и провокации“ се најдоа и заедничките американско-јужнокорески воени вежби планирани за во август, како и испраќањето балони со пропагандни летоци од Јужна во Северна Кореја.
Претставникот на јужнокореското Министерство за обединување, Ким Хјунг-сеок изјави дека барањата на Пјонгјанг се „целосно неразумни и неправедни“.
– Ние повтроно го повикуваме Северот да прифати дијалог наместо да наментува вакви неразбирливи барања, нагласи Ким Хјунг-сеок.
Во инустриската зона Каесонг, која се наоѓа на севернокоресјак територија долж заедничката граница има фабрики на 123 јужнокорески компании во кои до затворањето на комплексот од страна на Пјонгјанг, работеа околу 53.000 работници од Северна Кореја.