Меѓународните коалициски сили, предводени од САД, се повлекоа од базата Таџи во Ирак и и’ ја предадоа на ирачките безбедносни сили, пренесуваат британските медиуми.
Овој потег се случува само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе ги повлече преостанатите американски сили од оваа земја.
Претходно годинава, ирачкиот Парламент гласаше за повлекување на странските сили од земјата.
САД во Ирак држаеа околу 5.000 војници, а сојузниците во меѓународната коалиција уште 2.500.