Едисон Кавани веројатно нема да потпише со Бенфика и очекува други понуди. Уругвајскиот напаѓач беше близу да им се придружи на португалските гиганти, но преговорите се замрзнати и можеби нема да продолжат.
Кавани сакаше 3-годишен договор и 10 милиони евра по сезона, што е надвор од дофатот на Бенфика. Фудбалерот е слободен агент откако му истече договорот со Пари Сен Жермен и го заврши 7-годишниот престој во францускиот клуб.
Голем број на европски клубови се заинтересирани за напаѓачот, вклучувајќи ги Рома, Лацио, Фиорентина, Лидс и Баерн.
Сега, сепак, фаворит за потпишување на 33-годишниот играч е Атлетико Мадрид.