Борусија Дортмунд добила повеќе од половина милион барања за влезници за финалето во ЛШ

Од:

Фудбалскиот клуб Борусија од Дортмунд соопшти денеска дека добиле преку половина милион барања за билети за финалето од Лигата на шампиони против минхенски Баерн.

Борусија оваа фудбалска сезона има просечна посетеност на стадионите од околу 80.000 гледачи.

Во Клубот досега за финалото на ЛШ на лондонски Вембли стигнале 502.567 барања за влезници.

Рокот за поднесување барања измина вчера, а клубот во следните денови ќе одлучи кој ќе може да купи 24.042 билета колку што доби Борусија од УЕФА.

Капацитетот на Вембли е 86.000 места. Најевтините влезници за финалето се 60 фунти додека најскапите се 330 фунти.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска