САД ја следат ситуацијата со критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Изјавата на Трамп уследи откако рускиот опозициски лидер денеска беше хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба, а неговите соработници се сомневаат дека тој е отруен.
Во меѓувреме, претседателот на Франција, Емануел Макрон, на средба со германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека Париз е подготвен да пружи неопходна помош за Навални, вклучително и азил.
Макрон истакна дека Франција и Германија се подготвени да пружат медицинска помош.
Навални е сместен во одделение за интензивна нега во болница во сибирскиот град Омск, во бесознание и на респиратор, откако, според неговата портпаролка, утринава бил отруен. Тој падна во бессознание на летот од Томск за Москва, пред кој се имал напиено само чај. Авионот принудно слета за Навални да биде пренесен во болница.