ВИДЕО: Последните 100 дена од мандатот на новата Влада ќе ја води премиер предложен од ДУИ

Од:

Наместо премиер-Албанец, лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети се договориле на последните 100 дена од мандатот на новата Влада, да биде поставен премиер на предлог на ДУИ.

Заев изјави дека „ДУИ покажала големина и доблест“, па оттаму и тој покажал доблест и самиот, без консултации во СДСМ, предложил премиер на предлог на ДУИ да ги води последните 100 дена од редовниот мандат.

„ДУИ покажа големина и доблест заради иднината на сите граѓани, заради иднината на државата и успешните политики. При таа доблест е утврдено јас да ја добијам честа да бидам претседател на Владата во полн четиргодишен мандат. Дел од договорот е укинување на техничка влада, технички министри и технички премиер, нешто за што и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка. Заради оваа големина и доблест од ДУИ, без било какви претходни консултации и разговори во коалицијата и во мојата партија, покажав доблест. Оттаму, на предлог на ДУИ ќе биде поставен премиерот кој ќе ги води последните 100 дена од редовниот мандат“, рече Заев.

Тој рече дека денес кога ќе се врати во партијата ќе го елаборира овој предлог, кој значи „градење партнерство“.

„Досега сме имале Албанец министер за одбрана, за внатрешни работи, претседател на Собрание и државата била напредна и стабилна“, рече Заев.

Ахмети изјави дека ја поддржува ваквата одлука која ја оцени како „храбра“.

„Идејата беше да се доближат нашите заедници, не да се оддалечат. Имаше, Албанец министер за одбрана, за внатрешни работи, собраниски спикер. Идејата беше за доближување и мора да се признае за храброста, во последните 100 дена да биде премиер Албанец. Ова се години на храбри одлуки, кои ги носат храбри одлуки“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито