Неколку стотици луѓе вчера протестираа во јужниот кинески град Кунминг, поради планови за изградба на фабрика за токсични хемикалии кои се употребуваат во текстилната индустрија.
Одредени демонстранти носеа симболични заштитни мерки и транспаренти обидувајќи се да ја предупредат власта на опасноста од изливањето на параксилен, кој ќе се произведува во фабриката.
Параксилен е материја која се користи за производство на пластика, а изложеноста на таа хелимикалија може да предизвика оштетување на видот, иритација на грлото и носот, додека кај хроничните може да дојде до оштетување на централниот нервен систем и смрт.
Кинеските државни медиуми пренесоа дека на протестот во Кунминг се собрале повеќе од 200 лица, додека блогерите наведуваат дека демонстрирале 2.000 луѓе.
Кинеската нафтена компанија планира да изгради фабрика во близина на Анинг, која ќе произведува 500.000 тони параксилен годишно.
Елена Георгеивска