Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијатa, објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
– Почитувани, дозволете ми да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша Шилегов на неговиот Фејсбук профил.
Од Град Скопје за А1он потврдија дека Смаиловиќ бил уапсен во Струга и дека тоа е причината за неговото разрешување.
Во полицискиот билтен вчера беше објавено дека на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.