Полицијата во Милано уапси маж (41) од албанско потекло со приближно 70 килограми кокаин, 200 грама хашиш и 170.000 евра во готово. Тој беше уапсен во операција за надзор под сомнение за трговија со дрога, јавува агенцијата AdnKronos.
Тој беше уапсен на периферијата на градот во станот каде што престојувал, каде што беше пронајдена дрогата.
Во акцијата беа запленети два мобилни телефона, часовник Rolex и златна нараквица.
