Во Италија запленети 770 килограми кокаин – на пакетите има српски знамиња

Од:

Италијанската финансиска полиција и царинските службеници запленија повеќе од 770 килограми кокаин во пристаништето Вадо Лигуре, скриен во пратка со банани што пристигнала од Еквадор, се наведува на веб-страницата на италијанската полиција.

Како што беше соопштено, припадници на Финансиската полиција од Савона, во соработка со колеги од Џенова и службеници на Управата за царина и монополи, пронајдоа 650 пакети со наркотици во контејнер-ладилник.

Брзата анализа спроведена за време на контролата покажала дека станува збор за кокаин со исклучителна чистота.

Дрогата беше скриена меѓу десетици палети со банани во контејнер што пристигнал од едно од главните пристаништа во Еквадор.

На одреден број пакети е видливо знамето на Србија, според видеото објавено од италијанската Финансиска полиција.

Италијанските власти наведуваат дека запленувањето е резултат на засилените контроли на трговските рути што ја поврзуваат Јужна Америка со пристаништето Вадо Лигуре, кое станува сè поважен центар за трговските текови кон Европа, но и сè поатрактивно место за организирање незаконски активности.

Според проценките на властите, доколку кокаинот стигнел до нелегалниот пазар, тој би им донел профит од околу 250 милиони евра на криминалните организации.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп