Кокаинот ја преплави Франција: Рекорден број интервенции и хоспитализации

Од:

Франција бележи пораст на употребата на кокаин, што претставува зголемен товар врз националниот здравствен систем, при што бројот на повици до службите за итни случаи поради употребата на кокаин се зголеми за 26 проценти во 2025 година, според најновите официјални податоци.

Според националниот Институт за јавно здравје, минатата година се регистрирани повеќе од 6.500 повици до службите за итни случаи поради ефектите од употребата на кокаин.

– Минатата година регистрирани се 2.096 случаи на хоспитализација поврзани со употребата на дрогата. Ова значи дека се регистрираат просечно 125 посети на итната помош неделно, се вели во извештајот.

Помеѓу 2012 и 2022 година, овој тренд постојано се зголемуваше, освен во период на стабилизација во 2019 година, а зголемувањето беше уште поизразено во 2023 година, покажуваат официјалните податоци. Кокаинот, втората најшироко користена нелегална супстанца во светот по канабисот, заедно со МДМА/екстази, е дрога чија употреба во Франција значително се зголеми во последните десет години.

Како што е наведено, кога станува збор за последиците од овој тренд за службите за итни случаи, постојат и изразени регионални разлики, при што процентот на вакви интервенции е многу висок во Бретања, Прованса, регионот Азурен Брег и Француска Гвајана.

Од вкупно 39.383 интервенции на службите за итни случаи поврзани со кокаин помеѓу 2012 и 2025 година, 73 проценти се регистрирани кај мажи, а нивната просечна возраст била 32 години.

Во 2025 година, обновеното зголемување ги погоди сите возрасни групи за двата пола, освен за оние над 60 години, објавува „Спутник“.

Покрај зависноста, употребата на кокаин може да има акутни медицински последици, првенствено кардиоваскуларни и психијатриски, потсети Францускиот институт за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он