Куман пристигна во Барселона

Од:

Тренерот на холандската репрезентација Роналд Коман е забележан на аеродромот во Барселона, пренесува „Марка“.

Куман е еден од кандидатите за функцијата тренер на Барселона. Претседателот на каталонскиот клуб Пеп Марија Бартомеу веќе го најави отказот на тренерот Кике Сетиен и тој ќе стане официјален денес. Спортскиот директор Ерик Абидал може да замине заедно со Сетиен. Французинот може да ја загуби работата, бидејќи го поддржа тренерот дури и по катастрофалниот пораз од Баерн со 2:8 во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Есента 2019 година се дозна дека договорот на Куман со Кралскиот фудбалски сојуз на Холандија има клаузула која му дозволува да си замине од функцијата по ЕП 2020, доколку добие понуда од Барселона. За време на неговата кариера, Куман играше за шпанскиот гигант од 1989 до 1995 година. Од 1998 до 2000 година, Холанѓанецот работеше во тренерскиот штаб на Барса како асистент.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска