Патниците кои доаѓаат од Македонија од утре ќе мора да приложат негативен резултат од ПЦР тест, не постар од 72 часа, информираат од српскиот кризен штаб.
Освен Македонија, оваа мерка ќе важи и за патниците од Хрватска, Бугарија и Романија, соопшти епидемиологот Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.
Србија ги укинува мерките за претпазливост кон Црна Гора.
ПЦР тестот не е потребен за државјаните на Србија кои доаѓаат од наведените земји.