Полицијата го уапси лицето кое ги запали возилата на ЕВН во Тетово

Од:

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени локации во градот, а сторителот е фатен, потврдуваат од МВР за „А1он“.

“Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција, пожарите се локализирани и изгаснати”, изјави Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

„На 14.08.2020 во 01.20 часот на ул.,,Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. К.О. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“