Србија воведува задолжителен Ковид-19 тест за влез во земјата

Од:

Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ вели дека се планира воведување на задолжителен ПЦР тест и изолација од 14 дена за странците кои доаѓаат во Србија.

Тој нагласи дека на следната седница на кризниот штаб, која ќе биде во текот на оваа недела, ќе биде прецизирано на кои земји ќе се однесува ова правило.

Според него, епидемиолошката ситуација во Србија сега е подобра отколку пред повеќе од месец и таа мора да се зачува.

„Мораме да го направиме тоа, но дури по согледувањето на епидемиолошката ситуација на земјите околу нас. Нема многу дилеми за Бразил и Индија, но мораме да имаме добра проценка за европските земји“, вели Тиодоровиќ.

Тој напоменува дека е важно да се одржат и економските врски, но мора да се води сметка за епидемиолошката ситуација.

„Таа одлука ќе ја донесеме во следните неколку денови. За тоа веќе разговаравме, но не прецизиравме на кои земји ќе се однесува таа мерка“, вели тој.

Напоменува дека за странците се воведува мерката за задолжителен негативен резултат од ПЦР тест, не постар од 72 часа, и мерка за изолација од 14 дена.

„Во моментов сме отворени за целиот свет. Мораме да внимаваме и на Јужна Америка, дел од Азија, па и на САД. Мораме јасно да кажеме за кои земји се однесува задолжителниот тест, а со кои земји ќе остане како досега. Тоа мора да биде внимателно анализирано“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада